Capture.jpg

Motion capture претставува процес на дигитално запишување на движењето на луѓето (исто така познато како mo-cap). Ваквата напредна технологија се користи при креирањето на филмови, развој на видео игри, при снимање на анимации, акции и визуелни ефекти. Самиот систем ја олеснува класичната работа, преку снимање на инерцијални движења на телото, и давање на податоци кои можат да се вметнат при сечиј pipeline.

Сега, М3ДС Академијата располага со Xsens MVN Animate Motion captures System, костим на Xsens со сензори за движење, кој дозволува едноставна употреба за снимање анимации. Системот располага со стабилен и сигурен хардвер и произведува висококвалитетни анимации, кој подоцна можат да се вметнат при развој на видео игри, филмови, VFX, VR. AR, што докажува дека Xsens MVN е идеална алатка за оваа индустрија.

Во многу филмови и продукции со визуелни ефекти (VFX) се користи токму овој Xsens систем. Познат пример за филм со искористена motion capture технологија е ,,Аватар”. Дополнително, истиот се користи и за забава, спорт, медицински апликации, ергономија и роботика.

Снимање на движење за анимација и визуелната индустрија сега студентите во М3ДС имаат можност да работат на професионална опрема која се користи во сите светски филмови и игри.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail