Mobile-iStock_93894481_XXXLARGE-e1534407046268.jpg

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во државава во последниот квартал лани изнесувал 1.969.109. Реализиран е сообраќај од 1.387.086.595 милијарда минути, од кои 1.198.245 минути се сообраќај од претплатници на домашен оператор при роаминг надвор од државата, покажува последниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за состојбата на пазарот на електронски комуникации.

Во последниот квартал од минатата година бројот на претплатници со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа изнесува 1.348.134.

Во вкупниот број на активни претплатници во четвртиот квартал лани најголем удел има оне ВИП со 49,25 проценти, по што следи Македонски телеком со 48,6 проценти, додека Лајкамобајл учествува со 2,15 проценти.

Во приходите од обезбедување мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во четвртиот квартал од 2018 година Македонски телеком учествува со 51,9 проценти, оне.Вип со 47,67 проценти, а „Лајкамобајл“ со 0,43 проценти.

Од вкупниот број активни претплатници со пристап до интернет преку мобилна мрежа, најголем дел односно 52,39 проценти, отпаѓаат на оне.ВИП, а 46,35 проценти на Македонски телеком. Притоа Макеоднски телеком учествува со 64,32 проценти во количината на сообраќај од претплатниците на интернет преку мобилна мрежа, а онеВИП со 35,68.

Во последниот квартал од минатата година во државава функционирале 382.901 фиксна линија и бил остварен телефонски сообраќај од 49,031.189 минути. Од давателите на услуги во фиксните линии најголем удел има Македонски телеком со 55,46 проценти по што следат онеВИП со 34,67, Роби со 6,04 проценти, Неотел со 2,99 проценти, Инфел Нет Плус со 0,84 проценти.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail