Во МАНУ дебата за подобрување на истражувачките можности

manu-zgrada.jpg

Разгледување на можностите за подобрување на истражувачките можности во Република Македонија преку зголемен развој на меѓу секторската соработка, развивање вештини за планирање на истражувачите кариери, воспоставување мрежа за собирање и пренесување на истражувачките искуства и подобрување на мобилноста на истражувачите има за цел дводневниот настан што денеска почнува во Македонската академија на науките и уметностите.

Настанот се одржува во рамките на проектот Euraxess Encircle, кој е финансиски поддржан од Европската комисија.

Дебатата на овие теми продолжува утре на Факултетот за компјутерски науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

извор: МИА

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail