Metropoliten-2-696x528.jpg

Најголемиот американски музеј, „Метрополитен“ во Њујорк, кој има три локации во градот, во текот на изминатата 2018 година го посетиле седум милиони и 360.000 посетители, што е рекордна посетеност досега. Една година порано имало седум милиони гости.

Големиот интерес го предизвикале: изложбата во одделот за костими – „Божествени тела“ и изложбата „Микеланџело – божествениот цртач и дизајнер“.

– Ние сме воодушевени што толку многу посетители одлучиле своето слободно време да го потрошат во музејот. Инспиративно е да се знае дека толку многу њујорчани, но и гости од целиот свет, дошле да ги разгледаат нашите поставки и да ги проследат разните програми што ги организиравме, што е прекрасен омаж за уметноста во светот – изјавил Даниел Вајс, претседател на музејот „Метрополитен“.

Тој додал дека кустосите, научниците, конзерваторите и сите други што работат во него придонеле за рекордната посетеност. А таа и се случи во годината во која беше воведен нов начин на наплаќање влезници за жителите на Њујорк и за студентите од Њу Џерси и Конектикат. Имено, тие можат да влезат ако платат колку што можат, додека за децата до 12 години не се наплаќа влезница.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail