Во Њујорк чинија грав е 1,2 долари, а во Јужен Судан 268 пати повеќе

HRANA.jpg

Трошоците за еден оброк во најсиромашните земји на светот можат да достигнат цена од неколку американски долари, во еквивалент со куповната моќ.

Трошоците за еден оброк во најсиромашните земји на светот можат да достигнат цена од неколку американски долари, во еквивалент со куповната моќ, покажува најновото истражување на Светската програма за храна.

Секој ден, 815 милиони луѓе гладуваат, а разликите во земјите се очигледни, се наведува во соопштението на Програмата, по повод Светскиот ден на храната – 16 октомври.

Според ова истражување, земји и територии со најлоша оценка се Јужен Судан, Нигерија, Деир ез Зор во Сирија, Малави и Демократска Република Конго.

Во американската држава Њујорк за подготовка на едноставен оброк од грав потребни се 1,2 долари или 0,6 отсто од просечниот дневен приход.

Во Јужен Судан, најлошо рангиран во регионот, ист таков оброк чини 268 пати повеќе, односно 321,7 долари, ако се земе предвид куповната моќ и просечниот дневен приход во оваа земја.

Извршниот директор на Светската програма за храна, Дејвид Бизли изјави дека „истражувањето за броење зрна грав е сериозен потсетник за степенот до кој конфликтите создаваат сурови нееднаквости во поглед на достапноста до храната“.

Светската програма за храна го спроведе ова истражување во соработка со Мастер кард, компанија која има цел да достави повеќе од 100 милиони оброци низ целиот свет на луѓето кои имаат потреба од храна.

ИЗВОР: МИА

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top