1-1.jpg

Речиси една третина од вкупно продадените автомобили минатата година биле целосно електрични, што е нов светски рекорд. Во настојувањето да се намали емисијата на јаглерод диоксид и да се намали загадувањето на воздухот, возилата на батерии во Норвешка се ослободуваат од најголем дел од даноците, а се нудат и бонуси како бесплатен паркинг и станици за полнење.

Независната норвешка асоцијација за патишта (NRF) објави дека продажбата на електрични автомобили минатата година пораснала на 31,2% од вкупната продажба. Во 2017 година тој удел изнесувал 20,8%, а во 2013 година само 5,5%. Продажбата на возила на гориво и дизел во меѓувреме нагло опадна. Тоа значи дека се на чекор поблиску до остварување на целта со 2025 година сите возила во Норвешка да бидат без емисија на гасови.

Сепак, имаат уште долг пат затоа што останатите две третини од продадените 148.000 автомобили минатата година биле на фосилни горива или на хибриден погон. Меѓутоа, Норвешка со својата статистика се наоѓа на прво место по продажбата на електрични возила по жител, што е добар начин земјата да се претвори во зелена економија. По уделот на продадени електрични возила после Норвешка следуваат Исланд со 12% и Шведска со 6%.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail