Во Охрид никнуваат полиња со марихуана

marihuana-1.jpg

Во погонот кој се наоѓа во кругот на некогашната фабрика „Охис“ веќе работат 15 работници, а планот е до крајот на годината да бидат вработени уште 50.

Американска компанија во Охрид отвори погон за одгледување и производство на масло од канабис за медициски потреби, пишува српски Курир.

Како што е соопштено, во погонот кој се наоѓа во кругот на некогашната фабрика „Охис“ веќе работат 15 работници, а планот е до крајот на годината да бидат вработени уште 50, а во наредните пет години 200 работници.

Објектот со површина од 2.000 квадратни метри е целосно реновиран како би станал вистински модерен погон во Македонија со лиценца за одгледување на медицински канабис и извоз на масло од канабис во земјите во Европа.

– Само неколку земји на светот имаат законско право да одгледуваат и извезуваат медицински канабис, а сега Македонија е една од нив и тоа нас не прави нова дестинација за оваа брзорастечка индустрија – изјавил министерот без ресор Џери Наумов.

Министерот за здравство Никола Тодоров пак, истакнал дека со отворањето на погонот во Охрид претставува темел за одгледување канабис за медицински цели.

Компаниата чиј еден од основачите е Македонец кој живее во САД, наведува дека планира да произведува 20 различни производи од канабис, зависно од потребите на македонскиот и европски пазар, а се очекува првиот производ кон крајот на август.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail