ohridsko_ezero-102481.jpg

Шанкери, келнери, готвачи и собарки се едни од најбараните кадри во хотелите и другите угостителски објекти во бисерот македонски Охрид. Скоро секоја година работодавачите се соочуваат со истиот пробем, не можат да најдат соодветен кадар за да ги пополнат работните места.

Според Агенцијата за вработување на Македонија околу 200 лица кои се невработени имаат завршено средно угостителско училиште, но голем дел од нив не сакаат да работат во угостителството.

Познавачите велат дека голем дел од овие невработени лица најчесто заминуваат на работа во странство, а има  и дел од нив кои веќе живеат и работат во некоја од европските земји. Исто така, според нив за да има кадри по стучно подготвени во образованието е потребно да се воведе повеќе пракса.

Недостигот на кадар е проблем во скоро секоја дејност, се бараат медицински работници, градежници, фармацевти, економисти.

Угостителите во скоро сите туристички центри во земјава недостигот на работници го покриваат со сезонски работници.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail