Во орбитата на Јупитер откриени 12 нови месечини

jupiter-sateliti.jpg

Во орбитата на Јупитер откриени 12 нови месечиниОбјавено пред 8 минути – 18 јули, 2018Од Mak Fax

Американските истражувачи открија 12 нови месечини во орбитата на Јупитер, со што вкупниот број на сателити кои орбитираат околу планетата се зголеми на 79.

Скот Шепард од Институтот за наука „Карнеги“ во Вашингтон и неговиот тим ги откриле сателитите пред повеќе од една година, во потрага по нова планета, подалеку од Плутон.

„Јупитер беше на небото во близина на областa во која баравме исклучително далечни објекти во Сончевиот Систем“, изјавил Шепард, а беше објавено во соопштението на институтот „Карнеги“.

Екипата во тие моменти под среќна околност ги забележала новите месечини.

Герет Вилијамс од Меѓународната астрономска унија за мали планети го потврди ова откритие.

„Потребно е време со цел да се потврди дека објектите се движат околу Јупитер“, објасни Вилијамс, кој додаде дека процесот траел една година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail