ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА УТМС РЕАЛИЗИРАНА БЕСПЛАТНА ОНЛАЈН ОБУКА ЗА МАТУРАНТИ

VO-ORGANIZACIJA-NA-UTMS-REALIZIRANA-BESPLATNA-ONLAJN-OBUKA-ZA-MATURANTI.jpg

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА УТМС РЕАЛИЗИРАНА БЕСПЛАТНА ОНЛАЈН ОБУКА ЗА МАТУРАНТИ

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје реализираше БЕСПЛАТНА ОНЛАЈН ОБУКА со учество на матурнати. Обуката се спроведе на онлајн УТМС платформата на тема: „Градење на вештини и компетенции за интегрирање во академската и бизнис средина”, спроведена од проф. д-р Александра Стоилковска. Фокусот на обуката беше афирмирање на примена на иновативни алатки во процесот на градење на вештини и компетенции кои им се потребни на матурантите за успешно позиционирање во академската и по дипломирањето во бизнис средината. Во тој контекст преку интеракција беа споделени мислења и ставови во однос на актуелните предизвици за матурантите во однос на компетитивноста како предуслов за успех. Во текот на обуката матурантите имаа можност да се стекнат со знаења за потребата од перманентно учење и надградување со цел подобрување на личните компетенции како предуслов за успешно интегрирање во академската средина.

По завршување на обуката на матурантите им беа доделени Е-сертификати за учество во истата.

Универзитетот за туризам и менаџмент на сите матуранти им посакува успешна академска кариера.

Извор: УТМС

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail