Во оваа балканска земја со комбиња по селата бараат работници

brod-radnik.jpg

Сопствениците на апартмани и станови за издавање имаат проблем затоа што не можат да најдат чистачи.

Како што пишува Слободна Далмација, чистачки нема доволно, а оние кои ги има преку агенциите се резервирани однапред за цела сезона.

Луѓето кои со оваа работа сакаат да се занимаваат само привремено се несигурна опција.

Агенциите кои вработуваат по 50 мажи и жени чистачи велат дека работна сила нема ни за лек.

„Тоа е вистински проблем на нашиот туризам кој мачи илјадници изнајмувачи. Јас имам неколку апартмани и залудно се јавувам во агенциите да ми најдат некоја жена за чистење затоа што ми кажуваат дека нема. Ми требаат неколку жени за 2 до 4 часа дневно“ – вели Мартина Калцина Нимац, изнајмувач од Сплит.

Таа објаснува дека младите и образовани луѓе не сакаат да се занимаваат со оваа работа, иако може да се заработи солидна плата.

За полно работно време се заработуваат 3500 куни.

Ако работат прекувремено можат да заработат плус уште 5000 куни.

Сопствениците на апартмани наутро земаат жени од далматинските села и попладне со комбиња ги враќаат затоа што нема доволно кадар.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail