Во оваа држава има 100.000 слободни работни места

finska.jpeg

Недостатокот на работна сила во земјата станал најголем национален проблем..

Финска се соочува со големи проблеми, малку необични за нашата ситуација. Таа има 100.000 слободни работни места кои не успева да ги пополни, поради што, локалните власти подготвуваат посебен закон.

Недостатокот на работна сила во земјата станал најголем национален проблем. Министерот за економија, Мајк Линтил се вратил од турнеја низ целата земја и изјавил дека насекаде се жалат луѓе дека имаат слободни места на кои не успеваат да вработат никој. Проблемот лежи во главниот град, Хелсинки.

Надлежните органи пресметале дека во Финска моментално има околу 100.000 работни места кои не успеваат да се пополнат со 300.000 невработени Финци бидејќи тие не се квалификувани за овие работни позиции. Финска ужива во зголемен економски раст кој се должи на успехот на локалната бродоградбена индустрија и автомобилската индустрија.

Фабриката за автомобили во Усикаупунк треба до летото да вработи нови 1.000 работници. Силниот раст е забележан и во финското шумарство и градежниот сектор кој исто така има потреба од квалификувани работници.

Затоа владата на Финска изготвува нов закон кој би требало да биде претставен до крајот на април, а во кој ќе бидат понудени преквалификации и стимулации за работниците да се преселат во подрачјата кадешто има слободни работни места и да им бидат платени патните трошоци.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail