avstralija_4.jpg

Од минатиот месец Австралија забрани влез во земјата за луѓе што биле осудени за семејно насилство.

На овие луѓе визата ќе им биде одбиена или ќе бидат вратени од границата. Новиот закон стапи во сила на 28 февруари и предвидува дека секој што бил осуден на повеќе од 12 месеци затвор за семејно насилство нема да може да ја премине границата.

„Како нација треба да се држиме заедно и на ниту еден начин да не го толерираме семејното насилство. Ова е ефикасен начин за јавно да го демонстрираме тоа. Таквото однесување мора да има последици и нашата организација го поздравува законот“, рекла основачката на здружението за права на жените „Рајз ап“.

Според статистичките податоци на австралискиот институт за здравство, една од шест жени доживеала физичка или сексуална злоупотреба од страна на свој сегашен или поранешен партнер. Повеќе од 54 проценти од жените доживеале насилство повеќе од еднаш.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail