Во оваа земја четворица богати имаат пари колку 100 милиони сиромашни

inn.jpg

Четворица богати луѓе имаат пари колку 100 милиони сиромашни граѓани.

Според Оксфам тие имаат 25 милијарди долари заедно.

Ваква е состојбата во Индонезија. Оваа држава е една од многуте каде владее голема нееднаквост меѓу населението.

Иако е намален бројот на луѓе кои се екстремно сиромашни, сепак јазот меѓу богатите и сиромашните се прошири брзо за 20 години и оваа земја е рекордер во југоисточна Азија.

Се смета дека решението е да се зголеми буџетот на јавните служби и да се воведе поголем данок за богатите и фирмите.

Ако не се реши нееднаквоста, постои ризик да се зголеми нетрпеливоста во општеството.

Тројца од најбогатите луѓе во Индонезија се од тутунската индустрија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail