Во оваа земја добивате по 50.000 долари од државата и тоа неколку пати во животот

rijaddd.jpeg

Во Саудиска Арабија во неколку наврати, баш пред масовните демонстрации против тамошните власти, се случи нешто што луѓето ги одврати од улиците. Саудискиот крал одлучи на секој граѓанин да му поклони по 50 илјади долари.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Ако сте незадоволни и тажни, ова е лекот: Во оваа земја добивате по 50.000 долари од државата и тоа неколку пати во животот
Доколку сте државјанин на Саудиска Арабија, а станете незадоволни и тажни, па потоа посакате да го промените авторитарниот режим и системот кој таму постои, може да ви се случи баш на излегувањето на улица, да добиете 50 илјади долари од истите тие владејачки структури.

Во Саудиска Арабија во неколку наврати, баш пред масовните демонстрации против тамошните власти, се случи нешто што луѓето ги одврати од улиците. Саудискиот крал одлучи на секој граѓанин да му поклони по 50 илјади долари.

Ова се случило кога ширум арапскиот свет почнаа масовни протести со цел промена на властите во Северна Африка и Блискиот Исток. „Арапската пролет“, како што беше познат овој бран протести и побуни започна на 17 декември 2010 година во Тунис, а брзо се прошири и во други земји како Либија, Египет и Јемен, каде режимите беа сменети, како и во Сирија каде набрзо почна крвава граѓанска војна, која трае и ден денес.

Слична судбина му се закануваше и на режимот во Саудиска Арабија. Меѓутоа, галантниот крал ги надмудри незадоволните граѓани, со убава сума на пари, па улиците сепак останаа мирни, а арапската пролет во оваа земја сепак остана само досадно пустинско лето.

Но ова не е се кога на саудискиот престол дошол кралот салот, после смртта на неговиот полубрат Абдулах, требало да стекне наклоност од граѓаните и да се покаже како добар владар, а евентуално да спречи и одредени недоумици.

Се проценува дека поделени се 28 милијарди долари. Воодушевените луѓе истрчале во продавниците за луксузни часовници и мобилни телефони, а агенциите за луксузни патувања биле пребукирани.

-Драги мои сонародници, што и да сум направил тоа не е доволно. Вие заслужувате повеќе, напиша кралот Салман после дарувањето на своите сонародници.

Тагата на граѓаните за стариот крал ја утешил со нов дар од околу 50 илјади долари за секој граѓанин. Покрај се тоа, следел и бонус од две плати за сите вработени и персоналот во војската, затоа што секако војската е еден од темелите на овој режим, кој многумина го сметаат за најтоталитарен на светот.

Кога на почетокот на ноември уапсени беа 11 принцови и 38 поранешни министри, заменици министри и деловни луѓе, тоа беше почеток на утврдувањето на апсолутната власт на Салман и неговиот син Мухамед, а за жителите да не би застанале на „погрешната“ страна, набрзо биле доделени нови премии. Саудијците биле задоволни со новиот „џепарлак“, а кралот продолжи со своите „реформи“, па во вториот бран го смени воениот врв и постави нови, лојални кон него луѓе, зацврстувајќи ја својата власт и низ безбедносните структури.

„Црното злато“ донесе благосостојба

Релативно благосостојбата на граѓаните на Саудиска Арабија е предизвикана од фактот дека оваа земја е водечки извозник на нафта, а тоа е главна движечка сила на развојот на оваа земја.

Групата за заштита на човековите права се почесто ја обвинуваат владата на Саудиска Арабија за кршење на правата на луѓето, меѓутоа саудиските власти тие обвинувања ги демантираат, а државјаните на оваа земја немаат време да се побунат, затоа што мора да ги потрошат оние 50.000 евра, кои редовно ги добиваат во моментите кога се незадоволни и тажни, па би можеле да помислат да се побунат против власта.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top