Во оваа земја корупцијата е премногу ретка, а образованието е бесплатно

norveshka6.jpg

За извештајот за Најсреќните нации на светот, се анализираат неколку фактори, помеѓу кои и БДП, просечниот животен век и слободата. Според одговорите на нејзините жители, Норвешка е прва од 156-те земји кои учествувале во анализата.

Најсреќната држава на светот, според извештајот на ОН е Норвешка. А на прво место ја сместила довербата на граѓаните во својата влада, социјалната поддршка и долгиот животен век.

Просечниот животен век во Норвешка е 80 години, политичката корупција е премногу ретка, а БДП изнесува 89.492 долари по глава на жител. Образованието е бесплатно, а оваа земја има и највисока стапка на писменост на своите возрасни жители во светот.

Стратегијата и грижата за луѓето се гледа со секој чекор. Норвешка е една од најбогатите земји со нафта, но и тука работите се одвиваат по светските трендови. Како што пишува Bloomberg, Норвежаните одлучиле мудро да ја црпат нафтата, а заработката ја инвестираат во иднината, наместо “еднократно” да ја вложат во дневните, тековни проблеми па затоа таа се издвојува од другите земји кои се богати со ресурси.

Сето ова е возможно благодарение на довербата во политиката, меѓусебната доверба и заедничката цел, а за свеста на Норвежаните доволно зборуваат податоците дека тие донирале милијарди долари за спас на Амазон и како споровите околу границата со нивните соседи Финците ги решиле така што за 100-годишнината од независноста им поклониле “планина”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail