Во оваа земја ништо не работиш, а примаш 560 евра

finska.jpg

Од почетокот на 2017 избрана група од 2.000 невработени во Финска ќе примаат по 560 евра месечно, и тоа без никакви услови – не мораат да работат, а не мораат ниту да бараат работа!

Целта е во првата фаза да се види како безусловната плата ќе делува на однесувањето на граѓаните.Парите ќе ги дели финската служба за социјална помош.

Треба да се додаде дека тој износ во Финска не значи многу и дека со тие пари не може лагодно да се живее: просечната плата во оваа земја е околу 3.400 евра, а тоа значи и дека трошоците за живот се застрашувачки високи.

Учесниците во експериментот ќе бидат избрани со лотарија, а доколку мерката даде резултат ќе биде применета за сите граѓани.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail