Во оваа земја потребни се 10.000 ИТ експерти

IT-leadership.jpg

Српскиот ИТ сектор би можел веднаш да вработи меѓу 10.000 и 15.000 експерти, изјави денеска советникот во Министерството на државната управа и локална самоуправа Вукашин Гроздиќ.

За оваа работа во Србија се едуцираат само меѓу 1000 и 1500 луѓе годишно, а Гроздиќ вели дека постои голема потреба за компаниите за ИТ експерти во Србија.

Тој за РТС изјави дека се случува, да компаниите, кои работат на истражување, студии на изводливост и слично, се откажуваат да дојдат во Србија, кога ќе видат дека нема доволно потребен кадар.

Гроздиќ потсети дека Министерството за државна управа и локална самоуправа во саботата почна со онлајн селекција на кандидатите за учество на програмата за преквалификација во ИТ секторот кој се спроведува во соработка со ИТ заедницата.

Тој вели дека министерскиот ИТ совет на Владата на Србија планира, 1,5 милиони евра за преквалификација во ИТ секторот и дека овој проект ќе опфати вкупно 1000 луѓе.

Сега се спроведува пилот проект со првите 100 експерти, а потоа ќе бидат опфатени дополнителни 900 луѓе.

„Онлајн тестирањето почна во сабота и ќе заврши во вторник, а во четврток ќе има база на сите пријавени податоци. Циклусот ќе трае од три до четири месеци, потоа пракса од месец до два и ќе се следат во наредните осум месеци. Целта е да во тие осум месеци бидат вработени на три месеци на минимална плата од 40.000 динари“, додаде Гроздиќ.

Пријавете се за бесплатното онлајн тестирање ОВДЕ:

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail