Во оваа земја студентите можат да дипломираат ако засадат 10 дрвја

MKbmh-train-15420971280-620x350.jpg

Застапниците на законот велат дека од една генерација на студенти можат да бидат засадени и до 525 милијарди стебла. Барањето од новиот закон на Филипините е дека сите студенти мора да засадат по десет стебла од дрвја доколку сакаат да дипломираат.

Целта на овој закон е борба против климатските промени.

Застапникот на законот Гари Алехандро од Магдало изјавил дека секоја година на Филипините 12 милиони ученици завршуваат основно училиште, а околу 5 милиони средно училиште и околу 500.000 од нив дипломираат на факултет.

„Тоа значи дека секоја година би имало 175 милиони нови стебла. Во текот на една генерација која се школува таа цифра би била импозантна околу 525 милијарди нови дрвја“ – објаснува Гари Алехандро.

Тој прецизираал дека дури и 10 отсто од дрвјата ако успеат тоа би биле дополнителни 525 милиони стебла.

Дрвјата може да бидат засадени и во постоечките шуми, во некои заштитени подрачја, покрај напуштени рудници и на други места.

Владата вели дека стеблата ќе бидат внимателно бирани, како и локациите, климата и сите параметри кои се потребни за што повеќе дрвја да успеат.

Од насадените дрвја користа е многубројна- веднаш ќе почнат да впиваат јаглерод диоксид и ќе им помогнат на наредните генерации да ја прошират еколошката акција.

Филипини е една од земјите чии шуми се речиси целосно уништени со нивно нелегално сечење. Пред 20-от век покриеноста на шумите со дрвја била 70 отсто, а таа бројка во 20-от век се намалила и сега изнесува околу 20 отсто.

Заради нелегалното сечење на шумите доаѓа до големи одрони, лизгање на земјиштето и поплави.

извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail