Во овие градови ќе ве пречекаат најпријателски

geteborg.jpg

Погледнете ја листата на десет градови, во кои луѓето се пријателски настроени едни кон други, кон туристите и во кои генерално сакаат да се дружат.

Оваа листа ја состави сајтот „Hostelworld“, кој се занимава со букирање хостели ширум светот, а за потребите на студијата е анализирано однесувањето на 12 илјади луѓе од 39 големи градови од 28 различни земји.

Меѓу останатото, критериумите по кои е составена листата се како и колку жителите сакаат да се дружат со другите, дали се отворени кон другите, колку веруваат во луѓето, дали ги користат социјалните мрежи.

На прво место е Гетеборг (Шведска). Ова е најслободоумен град на планетата, каде жителите повеќе го вреднуваат друштвото отколку поединецот, а мошне се толерантни кон животните стилови на другите. Исто така имаат доста доверба во другите луѓе и сакаат забави и дружење.

Втор на листата пријателски градови е Стокхолм (Шведска), кој има најлиберални жители на светот.

Чикаго во САД е трет на листата, а по него е Босто, додека Њујорк се најде на петтото место. Жителите на Њујорк јадат повеќе од останатите жители и сакаат да јадат во рестораните. Во просек во ресторан јадат дури 89 пати годишно, што Њујорк го прави супер дестинација за оние кои сакаат храна и нови познанства.

Жителите на Копенхаген (Данска), кој е на шестото место имаат мошне либерален став кон животниот стил на другите. Освен тоа го вреднуваат тимскиот дух, многу повеќе од индивидуалноста, поради што се извонредни кон туристите.

Доколку некогаш сте биле во Мадрид, кој е седми на листата, можеби сте забележале дека неговите жители таму остануваат будни до зора, секако во друштво. Жителите на Мадрид се познати по тоа што бараат каков било изговор за забава, а сакаат и да склопуваат нови познанства.

Главниот град на Италија, Рим е на осмото место, благодарение на неговите жители, кои се мошне отворени кон другите луѓе и имаат мошне изразена желба да запознаваат луѓе.

На деветто место е германскиот град Хамбург, а на десетто ирскиот главен град Даблин.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail