Во овие земји најмногу се иселуваат богатите

dolari_1000x0.jpg

Богатите луѓе во светот, со над 1 милион долари на своето конто, се и оние луѓе кои најчесто ги напуштаат своите домови од сопствената земја и емигрираат во други држави.

Постојат повеќе причини за овие преселби. Некои од нив се преселуваат надвор од своите држави поради високите даноци, други пак за поголем спокој.

Анализите на Glоbаl Wеаlth Міgrаtіоn покажуваат зголемен број на емиграција на побогатите луѓе во светот, пишуваат бугарските медиуми.

За никого не е тајна дека во Азија, конкретно во Кина се создаваат најмногу нови богаташи во последните дваесет години. Меѓутоа, исто така од оваа азиска земја според анализата, голем е и бројот на милионери кои одлучиле да се преселат да живеат во сосема друга држава.

За 2018 година, повеќе од 150 000 богати кинези емигрирале, што претставува 2 проценти од богатите луѓе во Кина.

Високото прво место на емигрирани луѓе со над милион долари на својата сметка се Турците. 10 % од богатите во Турција минатата 2018 година одлучиле да емигрираат и да се преселат во некоја друга земја.

На второ место се русите. Минатата година 7000 руси или 6 % од богатите луѓе во најголемата држава во светот се имаат преселено во друга земја. На трето место според анализата се наоѓа Индија со 5000 луѓе или 2 отсто од жителите на Индија кои имаат повеќе од милион долари на своето конто, одбрале друга држава за да живеење.

Во топ десет земји од кои емигрираат богатите се и Франција, Велика Британија, Бразил, Саудиска арабија и Индонезија.
Анализата покажала и дека „магнет дестинација“ за емигрантите е Австралија, потоа САД, Канада, а додека од Европските земји најпривлечни за богатите луѓе кои емигрираат се Швајцарија, Португалија, Шпанија и Грција.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail