Во овие земји студирањето е најевтино

sved.jpg

Според истражувањето направено од британскиот „FairFx“, Шведска и Германија се најевтини земји за студирање. Вкупниот трошок за студирање во тие земји изнесува околу 6700 евра годишно.

Јужноафриканската Република се наоѓа на трето место на оваа скала.

Анализата покажала истотака дека 33 од 200 најдобри Универзитети им нудат на своите студенти речиси бесплатно образование кое чини околу пет илјади евра годишно.

Ова истражување ги рангира и најдобрите светски универзитети според цената на образование во нив, при што како најевтини се покажале италијанските универзитети „Scuola Superiore Sant’Anna“ i„ Scuola Normale Superiore di Pisa“.

И двата универзитети нудат потполно бесплатно школување, како и стипендии на најуспешните студенти со кои можат да ги покријат трошоците за живот. Занимливо е да се каже дека германските универзитети и покрај големиот квалитет се наоѓаат на високот петто место на ова скала.

На другиот крај од скалата се наоѓаат земјите кои имаат најскапо високо образование, при што тоа најмногу чини во САД, Австралија и Нов Зеланд. На пример во САД една година студирање би ве чинела над 57 илјади долари.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail