Во овој град живеат само близнаци: Се раѓаат само “двојни деца”, а научниците сметаат дека ја откриле причината за тоа

bliznaci.jpg

Во прашливиот двор на едно училиште во југозападна Нигерија, се редат децата на враќање од училницата. И воглавно гледате само парови близнаци.

Глетката како што е оваа може да се види во местото Игбо Ора, каде таблата ги известува посетителите на самиот влез: “Добредојдовте во светската престолнина на близнаците”, пишува Ројтерс.

Близнаците се инаку вообичаени во етничката група Јоруба, која доминира во овој дел на Нигерија.

Студијата на еден британски гинеколог од 70-тите години на минатиот век утврдила дека се раѓаат околу 50 парови близнаци на 1000 породувања – што е една од највисоките стапки на повеќеплодна бременост на светот.

Таиво и Кехинде

Во културата на Јоруба, близнаците се толку вообичаени што, традиционално, им се даваат специфични имиња. Ги нарекуваат Таиво и Кехинде, зависно од тоа дали се родени први или втори по ред.

Но, дури и за Јоруба, Игбо Ора се смета за исклучително – помеѓу речиси 100 училишни деца во дворот, имало девет парови близнаци.

“Има толку многу близнаци поради листовите од бамјата кои ги јадеме”, вели 15-годишниот Кехинде Оједепо.

Листовите инаку се користат за правење на гулаш, популарен во Игбо Ора. Има и такви кои ја истакнуваат популарноста на Амала, локално јадење кое се прави од сладок компир. Според една теорија, слаткиот компир поттикнува производство на гонадотропин, кој ја стимулира продукцијата на јајце-клетките.

Но, еден локален гинеколог смета дека причините за волкавиот број на близнаци има поинаква природа и дека не станува збор за храна бидејќи слаткиот компир се јаде насекаде низ светот без да го има истиот резултат. Тој смета дека причината за тоа е што припадниците на оваа етничка група можеби се венчаат меѓу себе, па затоа тие гени се концентрирани токму на ова место.

Од друга страна, Ојеника Бамимор вели дека таа е жив доказ дека ваквиот начин на исхрана е причината за раѓањето на близнаци.

“Само затоа што многу консумирав листови од бамја, родив осум парови близнаци”, вели таа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail