Во петок се одржува првата македонска маркетинг конференција

32587430_372627159900006_6701527906780184576_n.jpg

Иднината на маркетингот е тука, дали си спремен?

Creative Hub со задоволство ве поканува на еднодневен настан посветен на иднината на маркетингот и креирањето на иновативни визуелни содржини како дел од неа. Првата македонска маркетинг конференција, со наслов Македонски маркетинг: The Future, ќе се одржи во петок (8 јуни), со почеток во 9:00.

Во склоп на настанот, ќе бидат изведени две панел дискусии:

  1. Трендови во адвертајзингот

Како купуваат новите генерации? Што е тоа што ги влече да користат одреден производ или услуга? Како дигиталните алатки кои се на располагање на сите можеме да ги искористиме за да се доближиме до новата генерација потрошувачи? Како сето тоа да им се пренесе на новите маркетери преку формалното и неформалното образование?

  1. The future of content creation

Какви содржини се иднината? Како технолошкиот развиток и достапноста на различни информации ни помага да одредиме какви содржини ќе се објавуваат? Дали 3D, VR, AR, или пак видеото ја носат иднината во претставувањето на пазарот? Каква е иднината на интеракцијата меѓу бизнисот и потенцијалните корисници?

Одговорот на сите овие прашања ќе биде преточен преку излагањата на панелисти од различни маркетинг и адвертајзинг компании со долго искуство во работа на македонски и интернационални проекти. Дел од нив ги вклучуваат: Радмила Павловска (Barcode Consultancy), Ирина Маја (McCann Skopje), Филип Димитров (New Moment), Елеонора Ѓорѓева (Publicis One), Ира Стефанов Бабиќ (Brand Union), Владимир Ристевски (Piksel LTD), Драган Захариев (One Inside), Сашка Чекаров (VR Port), Лила Филиповска,

На крајот на самиот настан посетителите ќе бидат во можност да ги видат завршните презентации на студентите на првите Академии на Creative Hub: проект за Витаминка на студентите на Академијата за Маркетинг и ПР, како и проект за Сквиз Ми на студентите на Академијата за Графички Дизајн.

Повеќе за настанот можете да дознаете со клик на следниот линк.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top