Во Прилеп привршуваат подготовките за 16-тото издание на Меѓународниот карневал Прочка 2017

poraka-i-prilepska-tutunarka-najdobri-maski-na-prochka-2015-232737.jpg

Со учество на преку 1.000 учесници и маски од повеќе балкански и евроспки земји, овој викенд во Прилеп ќе се одржи 16-тото издание на Мегународниот карневал “Прочка 2017”. Градот под Марковите Кули е подготвен за манифестацијата која Прилеп го стави на светската мапа на градови со развиен фестивалски и културен туризам.Годинава, Карневалот ке биде збогатен и со нови содржини преку Меѓународната етнолошка конференција во соработка со Институтот за старословенска култура.

Годинашниот Карневал “Прочка 2017”, традиционално заваршува в понеделник, со заедничкиот ручек во организација на прилепските касапи, каде се служи познатиот “посен касапаски бел грав”, кој според рецептурата – да се вари без вода е уникатен специјалитет на Балканот.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail