Во приватна режија Златан Ибрахимовиќ доаѓа на лов во Македонија

ibrahimovic.jpg

Според последните информаци Златан Ибрахимовиќ ќе пристигне во Македонија со приватен авион или хелихоптер за да посети едно од ловиштата во нашата земја, пишува Македонски Спорт.

Се сеќавате кога како гром од ведро небо се појави информацијата дека Едисон Кавани големата фудбалска звезда, пристигна во Велес!? Да, тоа беше веста на месецот во нашата земја за подоцна да се дознае дека тој заедно со своите пријатели бил во посета на едно од ловиштата во нашата земја, пишува во текстот на Македонски Спорт.

Сега, поради истата причина во Македонија пристигнува ни помалку ни повеќе туку Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот, и член на Манчестер Јунајтед според нашите информации ќе пристигне во приватна режија односно со авион или пак хелихоптер, а не се знае точно колку ќе се задржи

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top