DSC_2604-Small.jpg

Денес, на 12.03.2019 година, во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г.Р.Державин“ потпишан е билатерален договор со Меѓународниот Визион Универзитет од Гостивар со цел продлабочување на соработката и размена на искуства и идеи. Делегацијата од страна на Меѓународниот Визион Универзитет беше во состав од проф. д-р Фадил Хоџа- ректор, проректорот за меѓународна соработка, проф. д-р Зоран Филиповски и директорот за човечки ресурси Муедин Кахвеџи. Делегацијата од страна на Меѓународниот Славјански Универзитет беше во состав од ректорот, проф. д-р Ленче Петреска, Еразмус + координаторот, лектор м-р Јасмина Пресилска, претседател на универзитетскиот сенат, проф. д-р Васко Стамевски, м-р Борче Серафимовски и претседателот на управен одбор, проф. д-р Јордан Ѓорчев.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail