Во Русија е создадена „невидлива војска“

руски-тенк.jpg

Руските специјални сили ги добија првите комплети со маскирна паста што ги прави речиси невидливи за термички нишани и камери. Ова го соопштува весникот „Известија“.

Уникатната „Туман-Р“ не само што го апсорбира инфрацрвеното зрачење, туку има и лековити својства – го забрзува заздравувањето на раните, пишува весникот. Според експертите, во споредба со странските аналози пастата од домашно производство не е токсична и не ја иритира кожата

„Производителот тврди дека при нанесување на кожата „Туман-Р“ апсорбира до 95% од инфрацрвеното зрачење што го произведува човечкото тело, задржувајќи ги своите својства и до две недели во применета форма“, пишува „Известија“.

Оваа уникатна паста лесно се мие – доволно е да се искористи влажна ткаенина. Официјалниот претставник на НПО „Градежни материјали“ (НПО Строительных материалов) Јуриј Кленов изјави дека во текот на неколку испитувања се покажало дека маста не предизвикува алергии и ги одбива комарците.

„Туман-P“ е комплет од три пасти во црна, кафеава и зелена боја. За маскирање е потребно да се стави на изложените делови на телото.

Извор: РУСКА РЕЧ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail