Во Русија пронајден нацистички сандак и череп од непознато суштество!?

cerep-1.jpg

На југот на Русија во републиката Адигеј за време на археолошко ископување е пронајден ковчег со амблем на Третиот Рајх. Покрај ковчегот се наоѓале остатоци од непознато суштество, пренесува рускиот портал „Взглјад“

Станува збор за череп без вилици, коска на челото и тил.

Остатоците во една пештера ги пронашол научникот Владимир Меликов уште пред две години, но откритието станало интересно кога било утврдено дека на ковчегот имало знак на Ахненербе.

Станува збор за нацистичкиот институт кој во 1935 година го основал Хајнрих Химлер за да пронајде доказ дека ариевската раса во минатото владеела со светот.

cerep1

Но институтот многу брзо започнал да се занимава со истражување на паранормалното,по што теоретичарите на завери заклучуваат дека черепите се доказ дека нацистите биле во контакт со вонземјаните.

Научниците пак велат дека не станува збор за никакви вонземјани туку дека тоа е череп на овен кој поради триењето со камењата во реката бил многу деформиран.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail