Во Русија создадена напредна беспилотна воздушна платформа

drone_panthermedia_b36884343_b.jpg

Платформата лесно се прилагодува во беспилотно воздушно летало за решавање различни задачи: од логистика на товари и обработка на полиња до гаснење на пожари.

Во моментов платформата може да подигне максимална тежина до 250 килограми. Ако тежината на товарот не надминува 50 килограми, далечината на летот може да достигне 350 километри, а времетраењето на летот – осум часа. Ова подобрување во техничките перформанси може да се смета за пробив во конструирањето на беспилотните летала.

Димензиите на платформата се 5,2×2,2 метри. Се става во стандарден контејнер за превоз и се подготвува за летање за 10 минути. Сите операции се целосно автоматизирани, летот е заштитен со криптиран потпис и се пријавува и одобрува во централен диспечерски центар. Тоа овозможува да се спречи лансирањето на платформата во потенцијално опасни средини и правци.

Веќе се развиени три модификации на платформата: првата за обработка на полиња од воздух, втората за логистика на товари во тешко достапни региони, а третата за гаснење пожар и обработка на шуми со средства за заштита. До овој момент руската платформа нема конкуренција меѓу беспилотните летала со вертикално полетување и слетување: кај постојните беспилотни летала капацитетот на носивост не надминува 20 кг и нивниот дизајн го ограничува понатамошното зголемување.

Платформата е целосно руски проект, пренесува РИА „Новости“.

ИЗВОР: РУСКА РЕЧ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail