manhattan-336708_960_720-681x383.jpg

Во САД околу 600 милиони птици умираат секоја година поради тоа што се залетале кон облакодер, јави „Си-ен-ен“.

Според истражувањето на Лабораторијата за орнитологија во Корнел, Чикаго, Хјустон и Далас, облакодерите се смртоносни за птиците.

Проблемот е посебно изразен во миграциската сезона на пролет и есен, кога милијарди птици патуваат помеѓу Канада и Латинска Америка и поминуваат низ САД.

Се проценува дека секоја година во САД, на овој начин, умираат повеќе од половина милијарди птици.

Птиците ги дезоријентираат светлината и рефлексијата, но може да ги збунат и цвеќињата на прозорците. Организацијата „Лајтс аут Њујорк“, апелира до жителите на високите згради и облакодерите да ги гаснат непотребните светла за време на миграциската сезона за да ги заштитат птиците и истовремено да го намалат трошокот на електричната енергија.

“Чикаго, Хјустон и Далас се позиционирани токму на рутата на воздушните коридори во Северна Америка. Поради нивната положба, а и висината, облакодерите претставуваат опасност за птиците без оглед на годишното време”, вели орнитологот Кајл Хортон, лидер на истражувањето.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail