Во седум држави на ЕУ минималецот е над илјада евра, еве каде е Македонија

pari.jpg

Во седум земји на ЕУ минималните плати се поголеми од 1000 евра месечно: Луксембург 1999 евра, Ирска 1563 евра, Белгија 1532 евра, Холандија 1552 евра, Германија 1498 евра, Франција 1480 евра и Велика Британија 1397 евра.

Во десет земји од истокот на ЕУ минималната плата е пониска од 500 евра месечно во бруто износ: Бугарија 235, Романија 275, Летонија и Литванија 380, Чешка 407, Унгаирја 412, Хрватска 433, Словачка 435, Полска 453, и Естонија 470.

Пет земји имаат минималец меѓу 500 и 1000 евра: Португалија 650, Грција 684, Малта 736, Словенија 805 и Шпанија 826 евра.

Минималецот не е пропишан во Данска, Финска, Шведска, Австрија, Италија и на Кипар.

Ако се спореди движењето на минималната плата од 2008 година, ќе се забележи дека тие растат во земјите кои имаат пропишан минималец, освен во Грција, каде паднале за 14%.

Значаен раст имале Словачка 80%, Естонија 69%, Летонија 65% и Литванија каде минималната плата пораснала за 64%, се податоците од ЕУ.

Во Србија минималецот е 130 динари по час, а месечно, во зависност од бројот на работни денови варира од 20.800 динари (за февруари 2017) па до 23,920 (за март, мај и август 2017).

Најголемиот раст на минималната плата од 2008 годниа имала Бугаирја 109%, а следува Романија со раст од 99%.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail