svinska-glava.jpg

Сочувана глава на волк од леденото доба, кој најверојатно починал пред 40.000 години, пронајдена е во Сибир.

Поради студот и мразот, остатоците се во совршена состојба, па може да се видат крзното, забите, мозокот и другите делови на главата.

Павел Јефремов, локален жител, ја пронашол главата во рускиот арктички регион Јакутск, на крајбрежјето на реката минатата година, а сега научниците излегле со нови информации за ова откритие.

Остатоците на животното се предадени на Академијата за науки во Јакутск, каде истражувачите со помош на колегите од Јапонија и Шведска, ја утврдиле возраста на волкот.

Станува збор за животно од древен подвид на волци, што живееле во исто време со мамутите и изумреле во приближно ист период.

Посебно значење на ова откритие е тоа што првпат е пронајдена глава на волк со ткиво и крзно и со зачувани уши, јазик и мозок.

Научниците проценуваат дека станува збор за возрасен волк, кој бил за околу 25 отсто поголем од денешните просечни волци, но не наведуваат дали станува збор за мажјак или жена.

Останува научниците да откријат уште како главата се одвоила од телото, но ќе продолжат со истрагата на терен.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail