Rabotilnica-za-sadenje-i-odrzuvanje-urbani-gradini-vnatre-702x336-e1552471232111.jpg

 

Работилницата за урбани градини се состои од неколку делови кои ќе се реализираат од засадување на градината до собирање на плодовите:

1. Обука за најмногу 20 учесници за значењето на урбаните градини и начинот на нивно садење;

2. Посети и практично илустрирање и помагање на секој од учесниците за:

Сеење на семе во контењери, мали чашки или леи за да се направи расаден материјал (препораки за видот на градинарските култури, засадување на дополнителни растенија кои имаат улога во биолошката контрола на штетници во урбаните градини итн.);
Подготовка на теренот за засадување на расадните материјали во зависност од културите што ќе се одгледуваат;
Садење на расадните материјали;
Понатамошно одржување на градинарските култури (прихрана, прскање, плевење, копање, грлење и сл.);
Кон крајот на вегетациската сезона откако ќе се соберат плодовите, корнење на растенијата и подготовка на теренот за следната година.
На работилницата може да се пријават сите кои живеат во градски средини и имаат дворови (зграда или куќа) кои можат да ги искористат за засадување на урбани градини.

„Урбаните градини се особено важни за градовите во кои луѓето се стремат значително да го зголемат урбаното зеленило. Меѓутоа, урбаните градини не се само дел од урбаното зеленило, туку тоа се простори на кои се засадени градинарски култури кои луѓето можат да ги користат за исхрана. Покрај во дворовите, урбаните градини може да се засадат на балкон или дури и покрај прозорите“, стои во повикот.

Пријавувањето е на [email protected] најдоцна до 17 март 2019.

(Радио МОФ)

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail