paricki.jpg

Претставена е и нова формула за стапката за зголемување на минималната плата за 2019 и 2020 година.

Законскиот предлог веќе начелно го усвоија сите коалициони партии, известува агенцијата „СТА“.

Според тој предлог, минималната заработка, која во моментов изнесува 638.42 евра нето, ќе биде зголемена следната година на 667 евра, односно на 700 евра во 2020 година.

Минималната плата во моментов ја одредува министерот задолжен за труд и тоа врз база на инфлацијата и тоа опционо на основа на другите макроекономски движења.

Според новата формула која ќе стапи на сила од 2021 година, минималната плата во Словенија ќе мора да биде повисока од минималните трошоци за живот за најмалку 20 проценти, што во моментов би изнесувало 736 евра месечно, изјави лидерот на „Левица“ Лука Месец на денешната конференција за новинари.

Според неговите зборови, формулата обезбедува “сите оние кои работат осум часа дневно повеќе да не бидат на границата на сиромаштијата, како досега“.

„Левица“ исто така бара сите бонуси утврдени со закон и колективните договори да бидат исклучени од минималната заработка и да бидат исплаќани одвоено од 2019 година.

Податоците на Министерството за труд покажуваат дека околу 42.000 луѓе, од кои скоро 35.000 во приватниот сектор, во моментов добиваат минимална плата.

Меѓутоа, зголемувањето на минималната плата во јануари, како што е предложено, всушност ќе влијае врз примањата на околу 70.000 работници, изјавил Месец.

Здруженијата на работодавци изразиле воздржаност спрема предлогот за зголемувањето на минималната плата, бидејќи работодавците стравуваат од падот на профитабилноста и конкурентноста, додека синдикатите ги поддржуваат најавените измени.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail