seeds-e1564403633679.png

Во селото Паштриќ во Србија беше отворена првата банка аза семиња и гени „Zrno“, која има за цел актив но одгледување на старите сорти овошје, зеленчук и житарки. Банката за семиња се наоѓа во регион кој е богат со старти стебла на овошје, особено јаболката, крушите и сливите, а ја основал локалниот еколошки проект “Okvir života” со финансиска поддршка од организацијата ORCA од Белград и од Националната коалиција за децентрализација на Ниш.

Планот е вакви банки за семиња да се отворат во секој регион од Србија, што истовремено ќе обезбеди зачувување на локалниот биодиверзитет, туку и поголема заработа за земјоделците затоа што таквите производи можат да се продадат по многу повизока цена поради својата специфична арома.

Оваа банка се разликува од другите банки по тоа што не е насочена само на собирање ис кладирање семе. Експертите во оваа станова ги ги конзервираат, ревитализираат и ги чуваат локалните видови овошје, зеленчук и житарки. Матријалот со кој располагаат во моментот е достапен за сите земјоделци во тој крај, особено за тие кои се определлиле за органско земјоделство. Размената е бесплатна и секој клиент е обврзан а врати мал дел од семето, а остатокот може да го заджи.

Моментално се фокусираат на градините и ги попишуваат старите сорти, а постои и интерес за вакви банки по другите региони. Старите сорти обезбедуваат разновидност, ја имаат предноста да се поотпорни и за нивното одрување на се потребни „инфузии“ во вид на некои пестидици, а помали се и инвестициите за жубрење и за наводнување.

Целта е да се намножи материјалот со кој располага банката, а бидејќи секоја земјоделска култура има свои специфичности за собирањто, складирањето и сеењето, на земјоделците им се овозможува да се поврзат и да разменуваат знаење. Стручната поддршка е неопходна затоа што земјоделците понекогаш можат погрешно да проценат дали да одгледуваат некоја врста.

Нов тренд во туризмот се малите неистражени средини и домашните специјалитети. Токму затоа сите земјоделци кои одгледуваат стари сорти би требало да се јават на адресата [email protected] и да се приклучат на иницијативата.

извор: иновативност.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail