Во текот на 2020 година УЈИЕ додели околу 50 компјутери и опрема во вредност од над 100 илјади евра на основните и средните училишта

Vo-tekot-na-2020-godina-UJIE-dodeli-okolu-50-kompjuteri-i-oprema-vo-vrednost-od-nad-100-iljadi-evra-na-osnovnite-i-srednite-uchilishta.png

Во текот на 2020 година УЈИЕ додели околу 50 компјутери и опрема во вредност од над 100 илјади евра на основните и средните училишта

Универзитетот на Југоисточна Европа не е само модел на настава во регионов, туку и истакната институција, која се грижи за пошироката заедница, придонесувајќи конкретно преку донации или други форми на институционална поддршка, особено на образовната заедница.

Само во текот на 2020 година, УЈИЕ донираше вкупно 46 компјутери Дел, 5 принтери и проектор за основните и средните училишта во Општина Желино, Општина Брвеница, Општина Гостивар и Општина Боговиње. Во текот на изминатите години, УЈИЕ донираше компјутери и ИТ опрема и на Општина Куманово, на град Скопје, Струга и на други училишта во Република Северна Македонија.

Покрај ИТ опрема, во текот на оваа година, Универзитетот на Југоисточна Европа на Организацијата на Црвен крст на Северна Македонија во Скопје и донираше Jeep Compass 2.2 CDR Sport 4X2, кој досега беше користен во рамките на проектот УСАИД и ЛКМФ за деца со оштетен вид.

Како дел од својата мисија за придонес и социјално влијание, Универзитетот на Југоисточна Европа годинава донираше опрема во вредност од над 100 илјади евра на неколку основни училишта во Република Северна Македонија. Опремата е обезбедена од УСАИД и ЛКИМ, во рамките на проектот „Подобрување на видот на децата со пречки во видот“.

Извор: УЈИЕ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail