vo-turczid198a-pochna-onlad198n-nastava.jpg

– Во Турција денеска почна алтернативна настава за 18 милиони ученици, бидејќи сите образовни институции се затворени уште од 13 март поради новиот коронавирус, јави турската новинска агенција Анадолија.

Алтернативната настава ќе биде достапна преку интернет и преку шест телевизиски канали.

Учениците ќе можат да ги следат часовите и во вечерните часови, а истите ќе бидат достапни и на интернет-страницата на Информациската мрежа за образование.

Турскиот министер за образование Зија Селчук утрово го почна првиот час за учениците.

Досега во Турција регистрирани се 1.236 инфицирани луѓе со Ковид-19, од кои 30 починале.

извор: Либертас

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail