Во Турција за осум години исчезнале над 104.000 деца

deca.jpg

Турција во периодот од 2008 до 2016 година исчезнале над 104.000 деца, објави весникот „Хуриет“.

Според податоците на турскиот Институт за статистика, во посочениот период како исчезнати биле пријавени вкупно 104.531 дете, но нема податоци колку од нив подоцна биле пронајдени.

Од вкупниот број исчезнати деца во текот на овие осум години 59.435 биле девојчиња.

Во текот на 2015 години било пријавено исчезнување на 17.706 деца, а во 2016-та на 11.691. Од почеткот на оваа година пак, како исчезнати биле пријавни 4.517 деца.

Според „Хуриет“, меѓу оние кои биле пријавни како исчезнати не се наоѓаат само киднапирани и украдени деца, туку и малолетници кои побегнале од своите домови или прифатилиштата поради насилство, сиромаштија и злоставување.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail