Војната почнува кога ќе престане трговската размена, според соптвеникот на „Алибаба“

alibaba.jpg

Кинескиот милијардер и сопственик на компанијата „Алибаба“, Џек Ма предупреди дека војната ќе почне тогаш кога ќе престане трговската размена.

Говорејќи во Мелбурн на отворањето на седиштето на „Алибаба“ за Австралија и Нов Зеланд, Ма рече дека сите се загрижени поради „трговските војни“.

– Доколку престане трговијата, почнува војната, нагласи кинескиот милијардер.

Ма, кој минатиот месец се состана со американскиот претседател Доналд Трамп  вети дека неговата комапнија ќе помогне во создавање на милион работни места во САД.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail