i-robot.jpg

Војската на Јужна Кореја објави планови за дизајнирање на роботи кои ќе се однесуваат како животни и луѓе.

Како што пренесуваат странските медиуми, „Биороботите“ би можеле да бидат во составот на армијата за пет години.

Админстрацијата на Јужнокорејскиот програм за набавка на одбрана објави нов документ кој нуди увид во грандиозните планови на земјата во неколку години во воена служба да стави неколку видови софистицирани биометриски роботи.

Како што е изјавено, ќе се покренат напори на дизајнирани роботи кои ќе личат на луѓе, но и на други живи битија, како што се инсекти, птици, змии и животни од море.

Дека роботите еден ден ќе ги заменат луѓето на бојните полиња и ќе сочинуваат мнозинство од борбените трупи веќе не е идеја од светот на научната фантастика. туку цврство убедување на експертите.

Потегот за замена на луѓето со напредни роботи за убивање предизвикал стравови од неминовно уништување на населението.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail