Волшебна венчавка испирирана од серијата „Игра на тронови“

8-volshebna-venchavka-inspirirana-od-serijata-igra-na-tronovi-kafepauza.mk_.jpg

Доколку сте фанови на оваа серија, тогаш сигурно знаете дека во „Игра на тронови“ (Game of Thrones) нема многу успешни венчавки. Сепак, тоа не значи дека невестите и младоженците не можат го искористат овој неверојатен свет богат со фантастични елементи како инспирација за прославата на денот кога ќе си го кажат судбоносното „Да“.

Фотографката Кејти Ли од Katherine Elena Photography се погрижила за прекрасните фотографии од оваа венчавка која се одржала во замокот Смитмор во Северна Каролина.

Волшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“

Невестата Остин Тејлор Мони одлично ја одиграла улогата на Денерис Таргариен, а и Кортни Еделман успешно успеала да го долови ликот на Санса Старк. Исто како и хероините од серијата, така и овие дами изгледаат прекрасно и „опасно“.

Волшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“

Волшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“

Меѓутоа, организаторите на свадбата отишле малку подалеку и донеле вистински волк за да го направат целото искуство уште понезаборавно.

Волшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“

Волкот се викал Ривер и бил донесен од Full Moon Farm Wolfdog Sanctuary, непрофитна организација која се грижи за волци. Мора да признаеме дека и Ривер одлично ја игра улогата на страшниот волк.

Волшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“

Трпезата изгледала како вистинска кралска гозба. Навистина обрнале внимание и на најситните детали!

Волшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“

Волшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“

Волшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“

Волшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“

Дури и свадбената торта одлично се вклопила во целата атмосфера! Едниот кат од тортата се состоел од „змејски крлушки“ како специјален поздрав до кралицата на змејовите.

Волшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“

Ниту поканите не отскокнувала од главната тема на свадбата. Тие ги содржеле слатките зборови кои си ги кажувале Калиси и Кал Дрого: „Месечина на мојот живот“ (Moon of my life) и „Мое сонце и ѕвезди“ (My sun and stars).

Волшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“

Мора да признаеме дека секој би посакал да направи или барем да присуствува на ваква венчавка!

Волшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“

Доколку и вие ја обожавате серијата „Игра на тронови“ и по некоја случајност планирате свадба, дефинитивно треба да размислите за прослава од ваков тип. Тоа би било незаборавно искуство и за вас и за гостите!

Волшебна венчавка инспирирана од серијата „Игра на тронови“

Погледнете го и видеото од фотосесијата за оваа прекрасна венчавка…

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail