Вон. проф. д-р Марјана Ванева предаваше на Кралскиот колеџ во Лондон

uaks1.jpg

Вон. проф. д-р Марјана Ванева, декан на Факултетот за странски јазици при УАКС, беше поканета од Кралскиот колеџ во Лондон, како визитинг професор да одржи работилница на тема „Македонски јазик и култура“ пред кадарот и студентите на додипломски и постдипломски студии на Колеџот.

Работилницата на проф. Ванева се одржа на 30 март 2017 година во просториите на Модерниот јазичен центар на Кралскиот колеџ во Лондон при Универзитетот од Лондон, Велика Британија. По едночасовната работилница, следеше сесија на прашања и одговори во времетраење од половина час, која им овозможи на студентите и колегите од Кралскиот колеџ во Лондон да се запознаат со овој словенски јазик и култура преку дегустација на традиционална македонска храна.

Работилницата беше дел од серијата на јазични работилници кои Модерниот јазичен центар на Кралскиот колеџ во Лондон при Универзитетот од Лондон редовно ги нуди на студентите и кадарот на Колеџот, особено кога се работи за јазици различни од англискиот. Настанот кој беше организиран како дел од оваа програма има за цел отпочнување на соработката меѓу Универзитет Американ Колеџ Скопје и Универзитетот од Лондон во повеќе области, а не само во областа на јазиците.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail