Вон. проф. д-р Марко Андонов учествуваше на годишна конференција на мрежата на Советот на Европа за едукација за човекови права за професионалци во областа на правото за 2017 година

HELP-Conference-2017.jpg

Деканот на Факултетот за правни науки при УАКС, вон. проф. д-р Марко Андонов, учествуваше на годишната конференција за 2017 година, организирана од мрежата на Советот на Европа за едукација за човекови права за професионалци во областа на правото (HELP), насловена „ПОМОШ за пријателска правда“. Конференцијата се одржа во периодот од 19-20 јуни 2017, во Стразбур, Франција.

Поздравните обраќања ги дадоа Амбасадорот Емил Руфер, постојан претставник на Република Чешка во Советот на Европа и сегашен претседавач на Комитетот на членови, и Христос Џакомупулос, директор на Дирекцијата за човекови права на Советот на Европа.

Обединувајќи над 130 ученици-претставници од институции за обука на судии и јавни обвинители и адвокатски комори, целта на конференцијата организирана од Програмата на Советот на Европа за едукација за човекови права за професионалци во областа на правото (Council of Europe Programme on Human Rights Education for Legal Professionals – HELP), беше да ја претстави последната судска пракса на Европскиот суд за права во врска со судството, потоа информација за достигнувањата и активностите на ХЕЛП во периодот 2016-2017 година, како и нејзината иднина и зголемување на членството. Воедно, учесниците од државните институции за обука и адвокатските комори беа поделени во две работни групи, и на тој начин дискутираа за прекуграничната соработка во областа на обука за човековите права.

На вториот ден од конференцијата, учениците следеа предавања за правата на правда за децата, права за работа на деца, човекови права, насилство врз жени, семејно насилство, итн.

За повеќе информации околу годишната конференција на Програмата на Советот на Европа за едукација за човекови права за професионалци во областа на правото за 2017 година, Ве молиме посетете го следниот линк.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail