Вонр. проф. д-р Искра Шукарова автор на македонската порака за одбележување на Меѓународниот ден на танцот

26331_280417091622683.jpg

Вонр. проф. д-р Искра Шукарова оваа година е автор на македонската порака за одбележување на Меѓународниот ден на танцот.

Иницијатори на одбележувањето на Меѓународниот ден на танцот се  Македонскиот центар на ИТИ / International Theater Institute, дел од меѓународната мрежа за драма, музички театар, танц и перформанс, во соработка со Унеско.

Изборот го прави: Танцовиот одбор на Македонскиот центар на ИТИ.

Координатори / промоција: Извршниот одбор на Македонскиот центар на ИТИ.

Авторка на македонската порака – Вонр. проф. д-р Искра Шукарова (29.04.2017).

„Танцот трасира патеки. Го материјализира замисленото движење. Се заигрува во просторот, така осознавајќи се. Ја исчитува формата одвнатре и ја манифестира кон надвор. Ја споделува со околината. На тој начин танцот го изразува движењето што лежи во длабочините. Научените танцови системи се ставени во служба на немирното тело кое едвај чека да биде скротено. Заигрување, движење, следи радост, ослободување, танцување. Играта тлее во нас разоткривајќи работи кои дури и самите не си ги знаеме. Конечно, и покрај танцовите системи и манифестации останува соголено телото, се разоткрива со сите свои несовршености и ранливости. Моќта и кршливоста на телото фасцинираат. Додека публиката е сведок на движењата на танчерот продирајќи во неговата душа, ги согледува неговите доблести и слабости. Танцот како медиум нè разоткрива, соголувајќи нè пред нас самите. И така до бесконечност…трагите на танчерот и танцот кои сме ги посведочиле остануваат исцртани во нас засекогаш“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail