Вонредна најава од УХМР: Следува ново невреме

nevreme-12.jpg
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Попладне во планинските предели ќе има појава на услови за значителен локален, но краткотраен дожд со ретки грмежи.
Утринските температури се движеа од 8 до 12, а дневната ќе биде од 19 до 29 степени.
До четврток ќе преовладува стабилно и топло време со пораст на темпетарутрата на воздухот. Во попладневните часови во текот на овој ден е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Од петок па натаму целокупното подрачје на кое се наоѓа Република Макеоднија ќе потпадне под влијание на серија влажни воздушни бранови кои ќе предизвикаат интензивни поројни врнежи од дожд проследени со грмежи.
Во текот на овој ден, од УХМР потврдија дека локалните процеси ќе бидат се поинтензивни, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер – особено во петок и сабота.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail