kgn-img-501263.jpg

Почнувајќи од 17 март 2020 година, Скопско астрономско друштво ќе почне со одржување на својот редовен Воведен курс по астрономија.

Од Друштвото велат дека овие забавни предавања се одлична можност заинтересираните да се запознаат со нивната работа и потоа да се приклучат како членови.

„Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните научни принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Астрономските термини и објекти ќе ги претставиме преку секојдневни примери, многу слики, анимации, неколку важни равенки и секако, набљудувања со телескопи“, наведуваат од Скопското астрономско друштво.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – во вторник и во четврток, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 20:00 часот.

Курсот ќе започне на 17.03.2020 (вторник). Предвидени се 12 термини, од кои две надвор од ФЕИТ – еден во Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје и друг на теренско набљудување на ноќното небо. Предавањата ќе завршат на 21.04.2020.

Цената за целокупниот курс е 1.500 денари. За студентите (со приложен индекс или студентска легитимација), учениците во средни и основни училишта и за членовите на Скопско астрономско друштво, цената на курсот е 1.000 денари. Во цената се вклучени: скрипта со материјали од курсот, посета на Планетариумот, набљудувања со телескопи, завршен тест (кој не е задолжителен) и диплома.

Од Скопското астрономско друштво нагласуваат дека препорачливо е слушателите на курсот да имаат над 14 години. За повеќе информации може да ги контактирате преку електронската пошта [email protected] или на телефонскиот број 076 439 027.

извор: кајгана

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail