Вработување и пракса во Интелигента

inteligenta.png

Компанијата ИНТЕЛИГЕНТА има потреба од веб програмери со или без работно искуство, за вработување со полно работно време. Отворени се позиции за full-stack/back-end/front-end/mobile за развој на web/mobile апликации со Java Spring Boot/PHP/.NET,  Angular/React и React Native/Flutter.

Предност ќе имаат кандидатите со претходно работно искуство и со знаење на SQL, моделирање на податоци, верзионирање на код и почетно познавање на Linux.

Компанијата нуди развој на професионалната кариера прилагоден на личните потреби и  очекувања на секој вработен, пријатна работна атмосфера и работни услови што обезбедуваат баланс помеѓу приватниот живот и професионалниот ангажман.

Сите заинтересирани кандидати треба да ја испратат својата професионална биографија на [email protected] . На разговор ќе бидат поканети кандидатите што се квалификуваат за овие работни позиции.

  1. Летна пракса за студенти

Компанијата ИНТЕЛИГЕНТА објавува оглас за летна пракса. Очекуваме да се пријават талентирани и мотивирани студенти што имаат интерес за:

  • Развој на web апликации со Java Spring Boot, PHP и .NET;
  • Развој на Frontend со Angular и React;
  • Развој на мобилни апликации со React Native и Flutter;
  • Развој на интеграција на игри со одело за играње ARAIG, со Unreal/Unity/C++/C#/.NET
  • Развој на системи за големи податоци, податочни серии и предвидување, како и деловна интелигенција;
  • Прибирање и обработка на податоци со Python;

Практикантите ќе можат да го зголемат своето знаење преку користење на модерни технологии и работа на иновативни проекти. Секој практикант ќе добие посветен ментор со долгогодишно искуство во обука и образование. Праксата ќе биде во траење од два месеца, од дома или во канцеларија, по избор на студентот.

Заинтересираните кандидати може да се пријават на [email protected]. Само кандидатите што се квалификуваат ќе бидат поканети на разговор.

 

 

www: inteligenta.io

e-mail: [email protected]

mobile: +389 75237430

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail