Вратете се во детството со оригиналниот Тамаготчи

i-tried-to-murder-my-tamagotchi-but-it-escaped-2-7399-1457907082-5_dblbig.jpg

Ако пред 20 години не сте имале оригинално Тамаготчи, сега имате шанса да го купите и да се грижите за својот виртуелен љубимец.

Јапонската компанија „Бандаи“ повторно го објави првото издание на популарната играчка во форма на јајце, со шест оригинални изданија кои на генерацијата на 90-тите им беше добро позната.

„Бандаи“ остана верен на хардверот на дизајнот, кој за прв пат го објави. Единствена разлика во однос на оригиналниот е што новиот Тамаготчи е дупло помал од оригиналот.

Оригиналниот Тамаготчи се појави на јапонскиот пазар во 1996 година, а по една година на европскиот и американскиот пазар. Играта во која се грижите за својот виртуелен љубимец ја играа дури 76 милиони луѓе.

Новиот Тамаготчи моментално е достапен само на јапонскиот пазар, а може да се купи и преку Амазон во Јапонија за 13,55 долари.

Враќањето на некогаш популарната игра покрена многу носталгични чувства, а тие кои веќе имале среќа да добијат свој Тамаготчи ги споделија своите доживувања на социјалните мрежи.

„Добив Тамаготчи! Помал е од што мислев дека ќе биде, но еееј… буди сеќавања. Дојдов да го купам веднаш на 20 годишнината на Тамаготчи, напишал еден корисник на Твитер.

Тој додал дека сите веднаш биле распродадени и дека луѓето се нестрпливи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail