Врската на Тито и Рокфелер: Еве што зборувал покојниот милијардер за Југославија

tito-rokfeler-jugoslavija-01.jpg
Покојниот Дејвид Рокфелер, кој бил последниот жив внук на најбогатиот човек во историјата на светот, Џон Д. Рокфелер, во своето минато бил поврзан со Југославија и Јосип Броз Тито.

Имено, во интервјуто кое одамна го работел со новинарката Мира Адања Полак, се наведува дека “Chase Menhetn Bank” била првата американска банка која по војната почнала да соработува со Југославија, и која покажала интерес за економијата на Југославија. По тој повод Дејвид Рокфелер неколку пати ја посетил некогашната СФРЈ.

За средбата со Тито на состанокот на банкарите Рокфелер рекол:

“Отсекогаш сум бил импресиониран од претседателот Тито како лидер на комплексна држава во немирен свет и далекувиден меѓународен државник. Моите колеги во “Chase Menhetn Bank” и јас бевме длабоко допрени од веста за неговата смрт. Тој беше голем воен лидер, кој ја основаше новата Југославија во духот на братството и единството. Претседателот Тито даде огромен придонес за мирот во светот, што ќе трае во иднината. За својата улога како создавач на Движењето на неврзаните, тој секаде ја заслужи почитта од луѓето, но длабоко ќе се чувствува недостигот на неговата храброст и раководењето”, рекол Тито, а пишува во книгата на Мира Адања Полак, пренесува Blic.rs.

Милијардерот Дејвид Рокфелер починал на 101 година. Тој бил американски банкар и еден од најбогатите луѓе на светот. Според податоците на Forbes, вредноста на неговиот имот изнесува 3 милијарди долари.

Роден е во Њујорк и бил најмлад од шесте синови на Џон Рокфелер Џуниор, син на Џон Д. Рокфелер, основач на компанијата “Standard Oil”.

Во текот на животот Дејвид Рокфелер успеал да оствари влијание достојно на наследник на една од најмоќните капиталистички династии во историјата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail